Достапни линкови

Автобус падна во река во Пакистан, 24 загинати


Мапа на провинцијата Кибер Пахтунква.

Најмалку 24 луѓе загинаа и девет се повредени откако автобус падна во река во северозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Инцидентот се слули доцна на 30 август во областа Кохистан на провинцијата Кибер Пахтунква. Сите кои се наоѓале во возилото биле членови на проширено семејство кое се враќало од свадбена церемонија, наведе полицијата додавајчи дека е отворена истрага за причините за несреќата.

Полицијата и спасувачките екипи се бореа да стигнат до местото на несреќата во одалечениот планински регион, кој тешко беше погоден од поплави.

Вакви сообраќајни несреќи често се случуваат во Пакистан, каде возачите во голема мера не ги почитуваат сообраќајните правила и безебдносните стандарди на разорените патишта, особено на планинскиот терен на северот.

XS
SM
MD
LG