Достапни линкови

Напад на Талибанците врз Кундуз


Архива - Припадници на авганистанските безбедносни сили во Кундуз.

Талибанските милитанти денеска извршија напад врз ден од најголемите авганистански градови, Кундуз.

Претседателскиот портпарол Седик Седики изјави дека авганистанските безбедносни сили возратиле на нападот во некои делови од градот, кој е стратешки важен во северниот дел на земјата.

Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид на Твитер за нападот напиша дека е „од големи размери.“

Нападот доаѓа во услови кога се одржуваат преговори меѓу САД и Талибанците за завршување на 18-годишниот конфликт во Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 30 август изјави дека преговорите се одвиваат добро.

Ден претходно Трамп ијави дека иако се намалува бројот на трупите во Авганистан, САД и ќе продолжат да одржуваат воено присуство во земјата дури и по постигнување на мировен договор со Талибанците.

XS
SM
MD
LG