Достапни линкови

Лајчак: Одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија е клучна


Мирослав Лајчак

Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, пред неформалниот министерски состанок на ЕУ во Хелсинки, предупреди дека престојната одлука за отворањето на пристапни преговори со Македонија и Албанија ќе биде клучна за идното проширување на Унијата.

„Средбата во октомври ќе испрати силен сигнал. Ќе покажеме колку сме сериозни. Се надевам дека сме сериозни. Одлуката ќе има многу сериозни последици за идното проширување“, рече Лајчак.

Меѓу поважните теми на министерскиот состанок е можноста за започнување преговори за пристапување помеѓу Брисел и Скопје, и Тирана во светлина на одлуката на ЕУ во јуни, кога земјите-членки се обврзаа дека во октомври ќе донесат конкретна одлука за почеток на пристапниот процес.

XS
SM
MD
LG