Достапни линкови

Нема основа за истрага против гувернерот на Грчката банка


Швајцарската фирма Новартис

Грчкото обвинителство се откажа од истрагата за наводната вмешаност на шефот на Централната банка во фармацевскиот скандал за примање мито со политичка позадина. Обвинителката Елени Тулупаки изјави дека нема основа за истрага против гуверенрот Јанис Стоурнарас. Тој е еден од седумтемина истакнати грчки официјални претставници и поранешни политичари вклучувајќи и двајца поранешни премиери кои се ослободени од обвинувањата. Сите негираа дека направиле нешто лошо и ја обвинија поранешната грчка влада за политички процес. Швајцарската фирма Новартис наводно платила мито за да ја зголеми продажбата на своите производи во државното здравство на Грција.

XS
SM
MD
LG