Достапни линкови

Штериев: Исполнети условите за разрешување на Катица Јанева


Фотографија од приведувањето на Катица Јанева

Претседателот на Советот за јавни обвинители, Коле Штерјов, изјави дека се исполнети условите за отпочнување на постапка за разрешување на Катица Јанева. Тој по завршувањето на денешната седница на Советот посочи дека до утре ќе биде доставен извештај за таа информација до Собранието.

„За тоа да го направиме, Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го доставиме до Собранието, кое, согласно неговите надлежности, ќе ја продолжи натаму постапката. Бидејќи сме лимитирани со изнесување податоци, извештајот ќе содржи доволно податоци што во понатамошната постапка се деволни за Собранието“, рече Штериев.

Советот на јавни обвинители, како што рече Штериев, првпат се соочува со една ваква ситуација во која на шеф на Јавно обвинителство му е определена мерка притвор. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, во предметот „Империја“, да излезе од притвор и да добие времен пасош.

XS
SM
MD
LG