Достапни линкови

Адеми до СОНК: Откажете го штрајкот, нудиме решение


Министерот за образование и наука Арбер Адеми

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, изјави дека нема причина во понеделник на 2 септември да се одржи најавениот предупредувачки штрајк на СОНК и побара синдикатот да се откаже од намерата.

„Би сакал да се откажат од најавениот предупредувачки штрајк, бидејќи навистина нема причина за тоа. Штрајк се организира кога нема решение, а ние нудиме решение – зголемување на платата за пет проценти во 2018 година и пет проценти 2019 година. Ќе има и идно покачување на платите во дејноста образование, но колку ќе биде и од кога не можам сега да кажам, бидејќи ги немаме разгледано сите параметри и ја немаме јасната слика од обврските што сме ги презеле како држава за следната година“, изјави министерот Адеми.

Тој посочи дека платите во средното и основното образование во изминатата година се покачени за 10,8 проценти, а после неколку години прват годинава се покачуваат и платите во високото образование и во науката.

„Не би сакал да има ни предупредувачки штрајк во понеделник, имајќи предвид дека тоа ќе биде првиот ден на образовната кариера на првачињата кои на свечен начин на тој ден го почнуваат нивниот нов живот. Да не им го упропастиме тој ден“, рече Адеми.

XS
SM
MD
LG