Достапни линкови

Жарко Луковски дал дополнителен исказ за „Рекет“


Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, утринава бил да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“, потврдија од Обвинителството за Радио Слободна Европа.

Овој исказ, всушност е дополнување на претходниот негов исказ за истиот случај. Луковски, кој бил меѓу повиканите во својство на сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни претходно изјавеното.

Името на поранешниот директор на „Т-Мобиле“, Луковски, се споменува во еден од аудио разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ на својата интернет страница. Во тој разговор се слуша како Бојан Јовановски - Боки 13, во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.

Според обвинението во случајот „Базни станици“, што во СЈО го води обвинителката Лиле Стефанова, Жарко Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата.

XS
SM
MD
LG