Достапни линкови

Бразил ја отфрли помошта на Г7 за пожарите во Амазон


шумските пожари во Амазон

Бразил ја отфрли помошта од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот за борба против шумските пожари во Амазон, порачувајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да си се грижи за неговиот дом и неговите колонии“. „Ја цениме понудата, но можеби тие средства се поптребни за пошумување на Европа“, изјави Оникс Лоренцони, шеф на кабинетот на претседателот Жаир Болсонаро. Претходно Г7 вети помош од 20 милиони долари за справување со пожарите во Амазон.

XS
SM
MD
LG