Достапни линкови

Дескоска: Нема напредок во разговорите за новиот закон за ЈО


Министерката за правда Рената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека не е постигнат напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за јавното обвинителство кој утре влегува во собраниска процедура.
По денешната средба на работните групи во Собранието, Десксока рече дека останува клучната разлика, а тоа е статусот на предметите на СЈО.

Власта, како што кажа министерката, застапува став кој е преточен и во законот, дека СЈО треба да се спои со Обвинителството за организиаран криминал и корупција, а почнатите предмети од специјалните обвинители да продолжат да се процесуираат.

За статусот на обвинителите од СЈО, се предлага на тие на кои им завршува мандатот тој да не се продолжува, но на оние на кои уште им трае да продолжат да работат. За вработените на неопределно време во СЈО, е предвидено да нема законско прекинување на работниот однос. Истражителите, пак, треба да се префрлат во Обвинителството за организиран криминал или да одат во МВР.

XS
SM
MD
LG