Достапни линкови

Oпфатот на вакцинација со МРП е 99 отсто


Вакцинирање за морбили на вакцинален пункт во Скопје / Vaccine measles

Министерството за здравство информира дека стапката на вакцинација со МРП вакцина- морбили, паротитис и рубеола- во целата држава изнесува 98 проценти. На ниво на град Скопје опфатот изнесува 99%, а во останатиот дел од државата 97%.

"Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст. Од нив, во Скопје се вакцинирани 16.732, додека пак, во останатиот дел од државата се вакцинирани 19.138 лица на возраст до 14 години, кои подлежат на вакцинација" се наведува во соопштението на министерството.

Од опфат од 89 отсто пред епидемијата со морбили, сега оптфатот е над 99 отсто, а препораката на Светската здравствена организација е 95 отсто.

Здравствените власти велат дека крајот на епидемијата од морбили ќе биде прогласен, кога двапати по 12 дена нема да има пријавено ниту еден заболен пациент со мали сипаници.

Инаку од почетокот на епидемијата во јануари беа регистрирани 1.893 случаи со мали сипаници на територија на целата држава, што претставуваше најголема бројка во изминатите 20 години.

XS
SM
MD
LG