Достапни линкови

Жбогар: Некои го претворија „Рекет“ во риалити шоу, последната шанса е кај судството


Евроамбасадоро Самоел Жбогар

Судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, но и на сите други случаи на СЈО, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој додаде дека судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и за тоа има целосна поддршка од ЕУ.

Евроамбасадрот потенцира и дека острата реторика на политичарите што ја користат меѓусебно, но и во однос на судството, не само што ја еродира довербата кај граѓаните, туку и го труе општеството на кое очајно му треба, како што рече, помирување.

„Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството. Лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата. Секој стана криминалец што значи дека криминалците станаа анонимни, сите се еднакви, сите се исти“, истакна Жбогар во обраќањето на Формуот за влијанието на владеењето на правото врз бизнисот.

„Мислам дека судството сфаќа дека можеби ја има последната шанса повторно да ја изгради довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага и процесуирање на случајот „Рекет“, како и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа и во тоа има целосна поддршка од наша страна“, рече Жбогар.

XS
SM
MD
LG