Достапни линкови

Почна заедничката гранична контрола на Македонија и Србија на Табановце


Едношалтерски граничен премин на Македонија и Србија

На граничниот премин Табановце - Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” на овој премин. Премиерите на двете држави Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.

–„Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заеднико управување на граничните и царинските контроли со едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави“, рече премиерот Заев.

Според Брнабиќ, двете држави први воспоставија заедничко гранично упрваување во овој дел на Европа Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи Брнабиќ, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.

XS
SM
MD
LG