Достапни линкови

Српската премиерка Брнабиќ во Скопје


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија и ќе се сретне со највисоките државни официјални лица. Посетата ќе ја почне на граничниот премин Прешево Табановце каде што со премиерот Зоран Заев ќе го означи почетокот на работата на заедничкото гранично управување што ќе го забрза протекот на луѓе и производи. По доаѓањето во Скопје се предвидени разговори меѓу двете делегации и потпишување повеќе спогодби. Брнабиќ ќе биде примена и од шефот на државата Стево Пендаровски

XS
SM
MD
LG