Достапни линкови

Стоилковски – Антикорупциската комисија и обвинителството се потчинети на државната мафија


Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска обвини дека Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство се очигледно потчинети на државната мафија, „на Зоран Заев, на Рашковски, на Анѓушев“.

„Во време на незапаметени огромни меѓународни криминални корупциски скандали на власта, со месеци се чекаат ставовите на антикорупционерите. Отворен предмет значи можност на ЈО да не работи, криминалот и корупцијата да продолжат и натаму, а во меѓувреме да се влијае на докази и на сведоци. Антикорупциска за отворени предмети како Тополки и за Леонардо е срамно алиби за наводно функционирање на системот, кој во исто време врши тортура врз медиуми и новинари заради откривање на корупција, токму во овие предмети“, обвини Стоилковски.

XS
SM
MD
LG