Достапни линкови

Трамп сака да ја врати Русија на следниот самит на Г7, полицијата апси демонстранти


Лидерите на земјите членки на Г7 продолжуваат со самитот во Франција. Вториот ден од самитот е посветен на разговори за трговските тензии.

Самитот започна вчера, а првиот ден во голема мера беше посветен на предлозите на претседателот на САД Доналд Трамп кој сака за следниот самит да ја врати Русија во групата, која порано беше позната како Г-8.

Русија беше исфрлена во 2014 година, откако нелегално го анектираше украинскиот регион Крим и потоа ги поддржа проруските сепаратисти во источна Украина во конфликт во кој загинаа повеќе од 13 илјади луѓе.

Вчера претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ја отфрли сугестијата на Трамп Русија да биде вратена во групата, велејќи дека сега има дури и повеќе причини од порано за да се држи Москва надвор.

Вториот ден од самитот треба да заврши со билатералните сесии.

Француските власти соопштија дека привеле 68 луѓе кои учествувале на протестите во близина на местото каде се одржува самитот Г7. Властите соопштуваат дека демонстрантите се уапсени оти фрлале разни предмети, имале скриени лица и поседувале предмети кои може да бидат употребени како оружје.

Полицијата употребила солзавец, водени топови и куршуми за предупредување за да се справи со група од околу 400 демонстранти. Околу местото каде се одржува самитот има силно обезбедување.

XS
SM
MD
LG