Достапни линкови

Сончево време, попладне со локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град. Вредноста на УВ индексот изнесува 7.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 37 степени. Во Скопје температура до 35 степени.

До вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.

XS
SM
MD
LG