Достапни линкови

Војската ќе се бори против пожарите во Амазон


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, соочен со меѓународниот притисок да се справи со пожарите кои уништуваат делови од дождовните шуми na Амазон, испраќа војска за да помогне во борбата против пожарите што предизвикаа загриженост кај експертите за животна средина.

Болсонаро рече дека трупите од денеска ќе бидат распоредени во пограничните области, домородните територии и другите региони во Амазон за да помогнат во гаснењето пожари.

Војската ќе „дејствува силно“ за контрола на пожарите, рече Болсонаро додека го потпиша указот со кој се овластува распоредувањето на војската за еден месец.

Болсонаро претходно се жалеше дека заштитата на дождовни шуми е бариера за економскиот развој на Бразил. Експертите посочуваат деа Амазон произведува огромни количини кислород и се смета за клучен за напорите за справување со климатските промени.

На 23 август, илјадници Бразилци демонстрираа во поголемите градови Рио де Janeанеиро, Сао Паоло и главниот град Бразилија, барајќи од владата да прееме конкретни активности за спречување на пожарите.

XS
SM
MD
LG