Достапни линкови

Работните групи за Законот за ЈО повторно на средби


Од понеделник ќе имаат средби работните групи на власта и опозицијата кои треба да се договорат за Законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство. Законот е влезен во собраниска процедура, а седницата на која треба да се разгледува е закажана за вторник.

Последната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се одржа во јули и иако се очекуваше тие да продолжат со работа од почетокот на оваа недела, тоа не се случи.

Во меѓувреме позициите на двете страни се непроменети. Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот, додека, пак, опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од обвинителката Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG