Достапни линкови

Четворица од повредените мигранти пренесени на Скопските клиники


Четворица од мигрантите повредени во сообраќајката несреќа која се случи синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино, се пренесени на Скопските клиники, потврдуваат за МИА од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци. Во сообраќајката еден мигрант загинал, а 12 се повредени. Од повредените, петмина се задржани во болницата во Кавадарци, тројца се третирани амбулантски оти имале полесни повреди, а четворица се препратени на Клиниките во Скопје.

Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години.

Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило „сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

XS
SM
MD
LG