Достапни линкови

Временска прогноза – После сонце, можен е пороен дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервалот од 13 до 21, а највисоката дневна температура од 30 до 38 степени УВ индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната 35 степени Целзиусови.

Од утре до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.

XS
SM
MD
LG