Достапни линкови

Стефанова: Предметите на СЈО не можат да паднат поради притворот на Јанева


На новинарско прашање дали поради притворот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева можат да паднат сите предмети на СЈО, обвинителката Лиле Стефанова, која го води предметот „Империја“, рече дека „таква можност не постои“.

„Предметите ги работеа десет јавни обвинители и верувам дека се сите работени како што е потребно“, изјави Стефанова, додавајќи дека „немало спогодба за случајот „Империја“, бидејќи не се донела таква одлука, но имало намера да има спогодба“.

На прашањето дали знае се следи имотот на обвинетиот во „Империја“ Орце Камчев, и дали знае таа каде е сега тој Стефанова рече:

„Имаме известувања за сите дејствија кои ги презема Јордан Камчев, како претходно управител и член на управен одбор и преземаме законски дејствија кои можеме да ги преземаме во овој момент. Немам овластување да побарам каде е Јордан Камчев“.

XS
SM
MD
LG