Достапни линкови

Заев: Секој што се огрешил пред законот треба да одговара


премиерот Зоран Заев

„Секој што се огрешил од законот треба да одговара. Горди сме дека како извршна власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото“, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ. Тој повика без разлика на кој и да се однесува можноста за учество во криминал и корупција, тоа да биде до крај истражено. На новинарско прашање дека италијански новинар најавил нови „бомби“и оти Заев во нив наводно е лично инволвиран за набавки во здравството, премиерот одговори дека доколку постојат докази за незаконско инволвирање веднаш да се објават. Тој најави дека денеска во Собранието ќе достави предлог Нина Ангеловска, коосновач на Групер да биде нов министер за финансии, додека Елизабета Наумовска заменик министер за образование и наука. Актуелниот заменик – министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик – министер за економија. Премиерот рече и дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, со што преку учество на таа позиција шанса добива бошњачката заедница.

XS
SM
MD
LG