Достапни линкови

Кривичниот суд ја отфрли жалбата, Јанева останува во притвор


Приведување на специјалната обвинителка Катица Јанева

Кривичниот суд ја отфрли жалбата на шефицата на СЈО, Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор. Судот синоќа и одреди притвор на Јанева, која е трето осомничена во случајот „Рекет“.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара притвор за Јанева поради основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и заради стекнување на лична корист, откако таа беше приведена по извршен претрес во нејзиниот дом и нејзината канцеларија во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“ по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди притвор за Јанева. Судијата Сеад Реџепагиќ ја донел одлуката по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

XS
SM
MD
LG