Достапни линкови

ЕУ е против безусловен повик Русија да се врати во Г7


Лидерите на Г7

Неименуван висок европски функционер за новинската агенција „Ројтерс“ денеска изјавил дека ЕУ е против испраќање на безусловен повик до Русија повторно да се приклучи на разговорите на водачите на Г7. Според „Ројтерс“, овој одговор бил коментар на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека би било соодветно Русија да се приклучи на групата Г7 на напредни индустријализирани земји во светот.

Русија беше член на Г8 пред да биде исфрлена од групата по анексијата на Крим. Официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека причините за исклучување на Москва „сè уште важат“ и дека секоја понуда за безусловно враќање ќе биде „контрапродуктивна“ и „знак на слабост“, пренесе „Ројтерс“.

Самитот на Г7 се одржува овој викенд во Бијариц, Франција.

XS
SM
MD
LG