Достапни линкови

Судот одреди 30-дневен притвор за Јанева


Приведувањето на Катица Јанева.

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје вечерва одлучи да и` одреди 30-дневен притвор на спацијалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако тоа денеска го побара Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Рекет.“, јавува МИА.

Обвинителството денеска побара притвор за Јанева поради основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и заради стекнување на лична корист, откако таа беше приведена во Судот по извршен претрес во нејзиниот дом и нејзината канцеларија во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди притвор за Јанева.

На денешн прес-конференција државниот обвинител Љубомир Јовески изјави дека според досега обезбедените докази има основи за проширување на истрагата за случајот „Рекет“ и врз Катица Јанева.

Медиумите известуваат дека таа од вечерва ќе биде спроведена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари и оти по барање на нејзиниот одвокат утре ќе присуствува на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.

XS
SM
MD
LG