Достапни линкови

Димитров бара непристрасна истрага за „Рекет“


Архива - Никола Димитров.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со случајот „Рекет“ вечерва побара да се обезбеди политичка и јавна атмосфера и „простор за една темелна, вистинска непристрасна истрага за да се расчистат валканиците што излегоа на виделина.“

Во интервју за ТВ21, Димитров изјави дека истрагата треба да биде целосна, непристрасна, да нема човек над законот, без разлика на каква позиција е или бил, “бидејќи ова е исклучително важно прашање за државата.“

„Факт е дека имаме скандал, факт е дека таа истрага е исклучително важна и мислам дека треба да разговараме за тоа како што треба да разговараме и за законот за јавно обвинителство“, рече шефот на дипломатијата.

XS
SM
MD
LG