Достапни линкови

Путин - протестите во Москва се дел од предизборни тензии


Рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот фински колега Саули Нинисто.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната средба со неговиот фински колега Саули Нинисто про посетата на земјата, ги оправда полициското апсење на голем број демонстранти, велејќи оти протестите во други земји имаат многу посериозни последици.

„Што се однесува до настаните во Москва, тоа е поврзано со зголемени тензии за време на изборна кампања“, рече тој додавајќи дека Русија ги почитува човековите права и правата на граѓаните, но оти цивилите и полицијата кои го прекршуваат законот „ќе бидат одговорни.“

Повеќе од еден месец се случуваат неделни протести во рускиот главен град, откако властите забранија учество на изборите на 8 септември на некои опозициски и независни кандидати.

Полицијата употребува сила да ги растера демонстрантите од протестите кои ги опишува како „нелегални масовни собири“ и приведе повеќе од 2.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG