Достапни линкови

Алијанса за Албанците го поздрави расветлувањето на случајот „Рекет“


Илустрација: Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Партијата Алијанса за Албанците ја поздрави одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет”, како што се наведува во соопштението, носејќи ги на обвинителка клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева.

„Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функсионери на ДУИ, почнувајќи од случајот ,„Маџар телеком“ „Титаник 3“, „Пациент“ како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот Фонд.

Од Алијансата за Албанците сметаат дека за да има целосна правда, таа не треба да биде селективна и да важи само „за еден дел од режимот“, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок, велат од партијата.

XS
SM
MD
LG