Достапни линкови

СДСМ: Правната држава функционира


Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов

Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, неселективно за сите. Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки. Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, по проширувањето на истрагата за „Рекет“ и приведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран“, додаде Костадинов.

XS
SM
MD
LG