Достапни линкови

Русија ќе почека официјален предлог за враќање во Г7, па ќе размисли


Марија Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија мора да ги разгледа конкретните предлози да се врати во Групата 7, доколку тоа биде предложено, пренесоа светските новински агенции.

„Тешко е да се разбере за што станува збор сега. Затоа, неопходно е разговорите да се пренесат од сфера на јавна забава во професионална, доколку Г7 сака да се постави како сериозен формат“, рече Захарова.

Во меѓувреме, анонимен француски дипломат изјави дека враќањето на Русија во Г7 зависи од нејзиниот напредок во политичкиот процес со Украина. Денес и американскиот претседател се изјасни дека е за враќање на Русија во Г7.

XS
SM
MD
LG