Достапни линкови

По приведувањето на Јанева, претрес во нејзиниот кабинет во СЈО


По приведувањето во нејзиниот дом, специјалната јавна обвинителка Катица јанева попладнево со полициска придружба е донесена во СЈО, каде, неофицијално, се врши претрес во нејзиниот кабинет. Пред влезот на СЈО се припадници на полицијата, кои не дозволуваат влез во зградата на СЈО.

Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева. Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет”. Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG