Достапни линкови

Порошенко и Климкин осомничени за злоупотреба на службената положба


Петро Порошенко

Судот во Киев му нареди на Националното биро за борба против корупција да отвори предмети против поранешниот претседател Петро Порошенко и поранешниот министер за надворешни работи Павел Климкин заради злоупотреба на службената положба, објавија украинските медиуми, а пренесе новинската агенција ТАСС.

Украинските медиуми наведуваат дека името на подносителот на барањето за отворање на постапките не се наведува, но се даваат детали дека лицето предало пријава за кривични дела сторени од Порошенко и Климки, јави ТАСС. Барањето е поднесено на 15 јули , а судот на 15 август наредил да се почне постапката.

XS
SM
MD
LG