Достапни линкови

Јанева приведена по барање на Обвинителство


Катица Јанева приведување

Специјалната обвинителка Катица Јанева пред малку беше приведена од полицијата по барање на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдуваат оттаму.

Повеќе детали најавија дека ќе соопштат на прес конференција во 14 часот. Нејзиното приведување значи дека статусот кој до вчера го имаше како сведок за предметот „Рекет“ денеска е сменет во осомничена.

Таа е однесена во Основниот суд Скопје 1 каде што треба да се појави пред судија на претходна постапка.

Таа беше приведена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева вчера во Јавното обвинителство даваше исказ во присуство на адвокат.

XS
SM
MD
LG