Достапни линкови

Варвициотис: Преспанскиот договор е лош за нас, следиме што прави Скопје


GREECE -- Greece's newly appointed members of the government swear-in during an appointment ceremony at the presidential palace in Athens on July 9, 2019. - Greece's new prime minister, Kyriakos Mitsotakis, formally takes up the reins on July 8, a day aft

Прекршување на владеењето на правото и појава на иредентизам може да имаат директно влијание врз пристапниот процес во ЕУ за соседната земја, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз“.

Затоа, како што вели тој, актуелната грчка влада „го следи секој чекор на владата на Скопје“, jави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис го повторува ставот дека наследиле лош договор кој владата на СИРИЗА го потпиша „откажувајќи се од преговарачките оружја и националните позиции на земјата, констатирани со Времената спогодба и во Букурешт“.

„Нашата влада го следи секој чекор на владата на Скопје и во секој случај нема да дозволи да се изразат појави на иредентизам и прекршување на владеењето на правото, што ќе имаат директно влијание врз нејзиниот интегративен процес во Европската унија. Веќе внимателно ја следиме елиминацијата на сите архаични симболи од јавните места кај соседот. На крај, нашата главна цел е заштита на грчките производи и грчките трговски ознаки, прашања што владата на Ципрас ги остави на нивната судбина“, вели Варвициотис.

XS
SM
MD
LG