Достапни линкови

Австралија влезе во безбедносната мисија во Ормутскиот теснец


Австралија им се придружува на САД во „обезбедување на безбедна навигација“ во Ормускиот Теснец и ќе испрати ограничен воен контингент во Персискиот Залив, соопшти австралискиот премиер Скот Морисон.

„Треба да дадеме свој придонес во меѓународната мисија за одржување мир и безбедна пловидба во Ормускиот Теснец“, рече Морисон, и додаде дека околу 25 отсто од нафтата доставена до Австралија поминува низ теснецот.

XS
SM
MD
LG