Достапни линкови

Над 200 загинати во поплавите во Кина


Над 200 луѓе загинале, а 63 се водат како исчезнати во големите поплави кои ја погодија Кина во текот на јули и август, соопштија локалните власти. Последните поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа осум луѓе, а 23 се водат како исчезнати.

Претходно овој месец загинаа 39, а исчезнаа девет лица при ударот на тајфунот Лекима. Вкупниот биланс на жртвите минатиот месец изнесува 154, а повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради невремето, пренесуваат светските новински агенции.

XS
SM
MD
LG