Достапни линкови

Салвини: не се плашам од избори


Италијанскиот премиер Џузепе Конте и министерот за внатрешни работи на Италија Матео Салвини во Сенатот

Министерот за внатрешни работи на Италија и лидер на десничарската партија Лига Матео Салвини изјави во италијанскиот Сенат дека предизвикал владина криза, бидејќи не се плаши од вонредни избори. Откако италијанскиот премиер Џузепе Конте во Сенатот објави дека поднесува оставка Салвини кој е и заменик премиер изјави декае „слободен човек“ и оти не се плаши од мислењето на Италијанците. Со оставката Конте стави точка на популистичката влада формирана прд 14 месеци и го обвини Салвини дека се водел од лични интереси.

XS
SM
MD
LG