Достапни линкови

Трамп ја откажа посетата на Данска


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека нема да оди на планираната посета на Данска откако данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека Гренланд е територија на Данска и оти не е на продажба. „Данска е многу специјална земја со неверојатни луѓе, но врз основа на коментарите на премиерката Фредериксен дека нема намера да разговара за продавање на Гренланд ја одлагам средбата со неа за друго време“, пишува Трамп.

XS
SM
MD
LG