Достапни линкови

Димитров: "Рекет" е раскрсница


Филип Рикер и Никола Димитров во Скопје

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет " служи за да и се побегне на правдата. Тој вели дека нападот на Собранието беше за да се избегне одговорност за снимките како индиции за масовна злоупотреба и планина од криминал. "Да и’ се избега на правдата. Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста. Да и’ се избега на правдата. Дискредитацијата на СЈО преку аферата " напиша Димитров на Фејсбук.

Тој вели дека зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари.

"Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за “рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. “Рекет” всушност е раскрсница," напиша Димитров

Тој додава дека ниту се сретнал ниту потпишал меморандум со Боки 13, најверојатно затоа што имал, како што вели добро претчувство.

XS
SM
MD
LG