Достапни линкови

Силен шумски пожар во околина на скопска Пинтија


Илустрација

Силен пожар избувна денеска во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена е поголема површина мешана шума. Противпожарните служби велат дека во гаснењето на пожарот учествуваат три возила со седум пожарникари, а ќе биде испратено уште едно возило.

„Шумски пожари има и над селото Долно Блаце и кај селото Мојанци над Арачиново, кои се од помал обем. На терен се испратени екипи на ТПП кои ги гаснат и овие пожари“, информираа од Територијалната против пожарна единица на Град Скопје.

Жителите од Пинтија до неколку медиуми испратија фотографии укажувајќи на страв од пожарот кој зафатил површина на 200 до 300 метри од нивните домови.

XS
SM
MD
LG