Достапни линкови

Пациент во психијатриска клиника во Романија убил 4 други пациенти


Четири лица беа убиени и други девет се ранети откако нов пациент во психијатриска клиника во Романија ги нападнал со метален држач за инфузија. Нападот бил извршен од 38-годишен маж примен на клиниката во мал грaд северно од Бузау. Мажот влегол во соба за терапија и нападнал други пациенти со метален држач за инфузии. Од деветмината повредени, двајца се во кома.

Според директорката на болницата пациентот бил промен во состојба за која не било неопходно зголемено ниво на набљудување.

XS
SM
MD
LG