Достапни линкови

Повторно рестрикции во Кашмир и насилни протести


Властите во Кашмир под контрола на Индија повторно наметнаа ограничување на движење на луѓето, по насилството кое изби откако беше укината автономијата на овој регион. Очевидци тврдат за новинската агенција Ројтерс дека во текот на ноќта избила престрелка меѓу жителите и полицијата при што се повредени десетина луѓе. Одлуката за намалување на автономијата на Кашмир предизвика неодобрување и огорченостделот на Кашмир кој што е под контрола на Индија, како и во делот на Кашмир кој што е Пакистан.

Во изминатите 24 часа се случија серија протести против одлуката на Њу Делхи за укинување на автономијата на Кашмир, територија со мнозинство муслимани на која Пакистан смета дека има право и поради која двете држави веќе се двапати војуваа. Индиската влада соопшти дека полициски час не бил воведен во последните две недели, но движењето на населението е ограничено со барикади денеска на неколку места во градот поставени во последните часови.

После намалувањето на автономијата следуваше прекин на Интернет, медиуми и телефонските услуги како и ограничувања на слободно движење во јавност.

XS
SM
MD
LG