Достапни линкови

Шумскиот пожар во скопскиот регион под контрола


Илустрација

Шумскиот пожар кој вчера избувна на непристапниот терен над скопското селото Буковиќ во близина на општина Сарај е ставен под контрола, но не и целосно изгаснат.

Заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески синоќа изјави дека синоќа екипите беа повлечени од теренот и дека во делот кон селата Буковиќ и Раовиќ нема можност за ширење на пожарот.

-Остануваат уште неколку точки каде има активно горење, но нема опасност за населените места. На терен имаме дежурна екипа која ќе ја следи ситуацијата, а утре во раните утрински часови ќе се направи догаснување, изјави синоќа Томески.

Пожарот избувна вчера на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума. Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветро.

XS
SM
MD
LG