Достапни линкови

Пациент со нилска треска на Инфективната клиника во Скопје


Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје за МИА изјави дека случајот е лабораториски потврден во оваа здравствена институција. Болеста се пренесува со каснување од заразен комарец со вирусот на западно-нилска треска. Кај најголем број заболени, болеста може да помине без симптоми, додека кај помал дел од заболените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка, мачнина и замор.

XS
SM
MD
LG