Достапни линкови

Стефанова: За се ќе мора да ја прашате Катица Јанева


Катица Јанева (лево) и Лиле Стефанова (десно)

За се ќе мора да ја прашате Катица Јанева. Вака обвинителката Лиле Стефанова утрово одговори на новинарските прашања пред Кривичниот суд, каде денеска требаше да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник“, предмет во кој Стефанова го застапува СЈО.

На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што изјави дека направила специјалната обвинителка Катица Јанева со Орце Камчев, за да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека „не е експерт за криминал“. На прашањето „дали смета дека СЈО ја изневерило јавноста“, обвинителката одговори дека „за се ќе мора да ја прашаме нејзината шефица во заминување Катица Јанева“.

XS
SM
MD
LG