Достапни линкови

Истанбул во страхување од голем земјотрес


Дваесет години по катастрофалниот земјотрес што го опустоши северозападниот дел на Турција, жителите на Истанбул страхуваат дека нивниот град од 16 милиони луѓе воопшто не е подготвен за уште еден голем и, како што велат, неизбежен потрес.

Во Турција се одбележува годишнината од земјотресот со сила од 7,4 степени што го погоди Измит - околу 100 километри источно од Истанбул - на 17 август 1999 година.

Истанбул не е подготвен за голем земјотрес
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Тогаш загинаа најмалку 17.400 луѓе, вклучително и 1.000 во големиот турски економски и туристички центар.

Прашањето на сеизмолозите не е дали друг земјотрес ќе го погоди Истанбул, кој лежи покрај несигурната тектонска плоча Северна Анадолија.

Единственото прашање е кога. Шукру Ерсој, професор на Техничкиот универзитет Јилдиз и експерт за земјотресипроценува дека тоа може да се случи во следната деценија.

„Голем земјотрес ќе се случи и најлошото сценарио што очекуваме е земјотрес со јачина од 7,7 степени. Ова претставува скоро еквивалент на трите земјотреси од 1999 година.“

Истанбул не е подготвен

Според него, ваквиот земјотрес би уништил илјадници згради, оставајќи „застрашувачки“ број на мртви.

Поранешниот главен град на Отоманската империја претрпе многу земјотреси низ својата долга историја.

Во 1509 година, градот бил погоден толку лошо што османлиските власти инцидентот го опишале како „апокалипса“.

Оттогаш, формирана е единица за брза реакција, изградени се болници отпорни на земјотрес и инсталирани се системи за запирање на гасот во градот.

Но, експертите велат дека главниот проблем е тоа што во Истанбул има десетици илјади слабо изградени згради, во градежниот бум во последните децении, карактеристичен по недоволната контрола.

Фатализам

Земјотресот во 1999 година покажа колку зградите биле изградени со несигурен цемент направен од несоодветен песок ископан од морето.

Нусрет Суна, раководител на Комората на градежни инженери за Истанбул вели:

„Ситуацијата е многу мрачна. Веднаш по земјотресот, се појави свест кај населението и власта. Но, со текот на времето, оваа свест се сврти во флегма и фатализам. Рековме: „тоа е судбина“ и продолживме понатаму“.

Иако регулативите станаа построги во изминатите 20 години, пропаѓањето на една станбена зграда во Истанбул во февруари, при што загинаа 20 луѓе, ги обнови стравувањата за цврстината на зградите.

Новиот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу вети дека ќе го следи планот, вклучително и напорите да се обезбедат повеќе зелени места и паркови кои можат да се искористат за собирање на преживеаните.

Предвидено е да ги има секоја населба, но повеќето се изгубени под нови паркинзи и трговски центри.

Без брзи промени, Истанбул ризикува да биде втурнат во „вистински хаос“, предупредува Реџеп Салчи, шеф на невладината асоцијација за протрага и спасување:

„Како тим за пребарување и спасување, ние секогаш мислиме на најлошото сценарио. Се очекува да има стотици урнатини. И во такво сценарио, ризикот од хаос во Истанбул е многу голем. Популацијата што живее во Истанбул е поголема отколку што би требало“.

Наведувајќи дека земјотресите не можат да се спречат, но затоа човекот може енормно да ги намали неговите последици тој потестува на примерите со Јапонија и Чиле, кои се слично ранливи како Турција, но имаат преземено радикални мерки за заштита.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG