Достапни линкови

Болтон: Русија прави ракети според украдена американска технологија


Џон Болтон

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, ја обвини Русија дека прави хиперсонични ракети засновани врз „украдена американска воена технологија“, објавија новинските агенции.

Коментирајќи ја неодамнешната експлозија во воен објект во рускиот регион Архангелск, Болтон, во интервју за неколку американски медиуми, рече дека „тој инцидент покажува оти иако економијата на Русија е приближно со големина на Холандија, сепак троши доволно за одбрана не само да го модернизира својот нуклеарен арсенал, туку да се изгради нови видови возила – хиперсонични возила за летање, хиперсонични крстосувчки ракети – главно украдени од американската технологија“,објавија новинските агенции.

XS
SM
MD
LG