Достапни линкови

Нов Зеланд ќе исплаќа плата во биткоини


Илустрација - Биткоин

Новозеландската Влада одлучи да го прифати биткоинот како средство за исплата на платите, бидејќи оваа криптовалута е поврзана и со стандардните валути, објавија светските новински агенции. Со тоа Нов Зеланд стана првата земја што дозволи исплата на плати во криптовалута.

Даночната служба на Нов Зеланд одлучила да дозволи исплата на плата во криптовалутa со услов таа да е поврзана со најмалку една стандардна валута. Властите исто така бараат избраната криптовалута да може директно да се конвертира во некоја стандардна форма на плаќање.

Одлуката на новозеландските власти стапува од 1 септември кога тамошните работници ќе бидат испаќани во биткоин, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност.

XS
SM
MD
LG