Достапни линкови

Државата за 7 месеци од патарина собрала 23 милиони евра


Јавното претпријатие за државни патишта во првите седум месеци од годинава, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат патарините Романовце (198.560.050 денари), Сопот (171.585.190 денари) и Отовица (166.035.843 денари), изјавиле за МИА од ЈПДП.

XS
SM
MD
LG