Достапни линкови

Судот во Италија против забраната на Салвини за влез на мигрантски бродови


Илустрација.

Судот во Италија ја поддржа жалбата на шпанскиот спасувачки брод „Опен армс“, суспендирајќи ја забраната на италијанското Министерство за внатрешни работи кој го спречуваше бродот да влезе во италијанските води.

Шпанскиот брод со 147 мигранти е заглавен во Средоземното море веќе две недели поради забраната која ја воведе министерот за внатрешни работи и заменик премиер Матео Салвини.

Италијанскиот суд донесе пресуда дека забраната ги крши меѓународните закони во услови на „исклучително тешка и вонредна состојба заради долготрајниот престој на мигрантите на бродот“, соопштија денеска од „Опен армс.“

Бродот моментално се движи кон италијанските меѓународни води, но нејасно е кога ќе стигне на копно.

XS
SM
MD
LG